Technology

Бунтовник без причина со Марлон Брандо

Се сеќавате на филмот „Бунтовник без причина„ со Марлон Брандо. Се разбира дека не се сеќавате бидејќи таков филм не постои. Меѓутоа во што е работата.

На оваа ретка снимка со одличен квалитет ќе го видиме 23 годишниот Марлон Брандо на проба за спомнатиот филм некаде кон крајот од 40те години, нормално од минатиот век. Но подоцна кога требало да почне снимањето некои работи се промениле, нов режисер, ново сценарио и тогаш Брандо не ја добива улогата. 

Али и покрај тоа неговата кариера трнува баш како што треба. Па така се прославува веќе со вториот негов филм „Трамвајот наречен желба„ снимен 1951 година, а веќе со шестиот филм „На доковите на Њујорк„ од 1954 година го добива првиот од двата оскара. 

Значи добива оскар и пред да биде снимен филмот „Бунтовник без причина„ кој е од 1955 година. Вториот Оскар сигурно предпоставувате, го добива за улогата во „Кум“ во 1972 година, кој инаку го одбива во знак на протест поради тоа што негативно се прикажуваат Индијанците во Холивудските филмови. 

Инаку Брандо за кратко појавување во Супермен од 1978 година добива огромен хонорар кој некои глумци од тоа време не можеле да го добијат ниту за цел филм. Ни еден глумец до сега нема добиено толкав хонорар за толку мала улога, Брандо уште го држи рекордот. Погледнете ја снимката и оценете дали на Марлон Брандо би му лежела улогата во „Бунтовник без причина




Бунтовник без причина со Марлон Брандо Бунтовник без причина со Марлон Брандо Reviewed by Skopski Solidarec on мај 04, 2018 Rating: 5

Нема коментара

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)