Ноќ на сеќавање (Forgotten) (Gi-eok-ui bam)
Филмот Forgotten на за нас непознатиот Јужно Корејски режисер Hang-jun Zhang, а во главните улоги за нас непознатите Јужно Корејски глумци Ha-Neul Kang и Mu-Yeol Kim, можам да го опишам само со еден збор - феноменално. На крај од филмот прво што помислив е колку губат оние што не гледаат филмови од неанглиско говорно подрачје. Вакви филмови се реткост. Трилер-Мистерија во Хичкоковски стил.
Режијата одлична, музиката уште подобра, како створена за ваков тип на филм. Фотографијата на филмот исто така на завидно ниво. Се на се, 100 минути филмско уживање. Се е под конец освен можеби една работа која нема да ја спомнам, пошто и така не влиае многу на филмот. Погледнете го филмот и нема да се покаете.
Оцена: 9/10
Режијата одлична, музиката уште подобра, како створена за ваков тип на филм. Фотографијата на филмот исто така на завидно ниво. Се на се, 100 минути филмско уживање. Се е под конец освен можеби една работа која нема да ја спомнам, пошто и така не влиае многу на филмот. Погледнете го филмот и нема да се покаете.
Оцена: 9/10
Ноќ на сеќавање (Forgotten) (Gi-eok-ui bam)
Reviewed by Skopski Solidarec
on
мај 05, 2018
Rating:

Нема коментара